Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Сања Божиновска и „Руднап“ се клучниот линк во бизнис мрежата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

Антикорупцискиот тим на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) тврди дека секојдневно открива нови делови од, како што наведуваат, бизнис мрежата на премиерот Христијан Мицкоски во енергетскиот сектор.

— реклама —

Од партијата велат дека релациите со бизнисменот Душан Адамовиќ водат до Кипар и до офшор компанија поврзана со енергетиката. Според нив, преку Кипар се доаѓа до компанијата Алтарија рисрч лимитед, чиј краен сопственик е Руднап груп, холдинг компанија на српскиот енергетски бизнисмен Војин Лазаревиќ.

— реклама —

СДСМ прашува кој е поврзан со „Руднап груп“ во Владата на Мицкоски и посочува дека станува збор за министерката за енергетика Сања Божиновска, која, според нив, била лично назначена од премиерот.

Од партијата тврдат дека Божиновска претходно била извршен директор во „Руднап груп“, каде што била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот. Таа се поврзува и со компанијата Руднап ДООЕЛ Скопје, каде што, според СДСМ, била управител.

— реклама —

Според СДСМ, токму „Руднап“ е врската што ги поврзува бизнис интересите во енергетиката со политичките структури, односно со Српска напредна странка (СНС) во Србија и ВМРО-ДПМНЕ во Македонија.

— реклама —

Од партијата велат дека со овие врски почнува да се „одмотува енергетското клопче“ од компании и релации кои, како што тврдат, водат до бизнис интереси поврзани со енергетскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydsbhts2aeoht28QTZzb

СДСМ: Мицкоски ја внесе Алта банка во Македонија, а сега се обидува да ја префрли одговорноста

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-librarybusik94tnchbfo3guUM

Движењето ЗНАМ тврди дека повеќе од 30 члена го напуштиле СДСМ во Ѓорче Петров

Слајдер | пред 1 ден

media-librarytg6se3qaeag85vXuszA

СДСМ: Економската реалност е поинаква од ветувањата на Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања