Уплашени од се поголемата доверба која ја добива градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДСМ со украдени слики се обидува да го оцрни градоначалникот Муцунски.
СДСМ се фатени во лага, сликите кои тие ги објавија за наводно дека во парковите во општина Аеродром има змии се симнати од Гугл и се слики од Австралија.
Толку се безидејни и уплашени што веќе не знаат што да направат за да ги прелажат граѓаните.
Општина Аеродром изминативе 10 месеци оди напред, се развива и го добива заслужениот изглед.
Нова градинка и реконструкции на постоечките, нови спортски игралишта, нови паркови, реконструкции на улици, реконструкции на училиштата се само мал дел од досега реализираните проекти на локалната власт.
Нема да им поминат ниту лагите, ниту монтажите на СДСМ. Нивната доверба од граѓаните вртоглаво паѓа, а за многу скоро граѓаните ќе ги казнат сите лаги, сите криминали, сите национални предавства на предвремените парламентарни избори“, се вели во соопштението.
