Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Се грижиме за граѓаните, растат платите и пензиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
plta-333

СДСМ со успешни, навремени и ефикасни економски политики го уапредува и заштитува стандарот на граѓаните. Со системските решенија за усогласување на минималната плата и пензиите со растот на просечната плата и трошоците за живот е обезбеден констинуиран раст на примањата на граѓаните без политичка волја, притисоци, уцени и преговори, вели СДСМ.

„Минималната плата од март се покачува на 20.175 денари.

— реклама —

Од 2017, кога минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во некои сектори и само 6.000 денари, нема година во која не е зголемена.

Сите 330.000 пензионери во државата овој месец добиваат историско покачување на пензиите од 8,4 проценти, со што просечната пензија се зголемува од 17.666 на 19.150 денари.

— реклама —

За пензионерите следува ново усогласување на пензиите наесен.

— реклама —

Животниот стандард на граѓаните и на работниците во последните неколку години е сериозно унапреден.

Кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа потребни 4 и пол минимални плати за просечна потрошувачка кошничка, сега се потребни 2,2 минимални плати за една потрошувачка кошничка.

— реклама —

За шест години имаме двојно зголемување на стандардот на работниците кои што работат за минимална плата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ работниците ги сметаше за евтина работна сила, СДСМ го почитува нивното достоинство, ги зголемува платите, го унапредува животниот стандард“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања