Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ се лути оти градоначалникот на Прилеп се сликал со проекти од претходниот градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
286402038_349373650591300_1023893976994251007_n

Китењето со туѓи перја, односно сликањето со проекти реализирани од страна на доскорешните градоначалници од редовите на СДСМ, е главна карактеристика на седуммесечното владеење на неспособните кадри на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Вчерашното врачување на наградата за „Најзелена општина“ во 2021 година, која во присуство на шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Амбасадорот Дејвид Гир и’беше доделена на Општина Прилеп, е најдобра потврда за кажаното, вели СДСМ.

„Имено, нашите сограѓани но и целата македонска јавност се уверија во отсуството на политичка култура и потценување на јавноста од страна на актуелниот прилепски градоначалник, Борче Јовчески.

— реклама —

Без никаков срам, без воопшто и да ги спомене заслугите на претходната локална власт предводена од СДСМ за освоеното признание, Јовчески го присвои она што во мината година го сработија неговиот претходник Илија Јованоски и поранешниот менаџерски тим на ЈКП „Комуналец“.

— реклама —

Срамот на Борче Јовчески беше двоен, бидејќи без никаква грижа на совест се сликаше и на спортско-рекреативниот центар кај вештачкото езеро, проект кој исто така беше комплетно осмислен и реализиран за време на четиригодишното раководење на општина Прилеп од страна на СДСМ.

Ако ништо повеќе, она што тој од етички и морален аспект најмалку требаше да го направи, беше да го покани на настанот својот претходник и заедно да ја примат наградата, во која придонесот на Јовчески е целосно минорен.

— реклама —

Конечно, кога веќе ја посети и Пречистителната станица која исто така беше пуштена во употреба за време на мандатот на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, во оваа прилика уште еднаш го прашуваме Јовчески, што стана со неговото изборно ветување за укинување на ставката за пречистување на урбаните отпадни води и со намалувањето на сметките за вода?

— реклама —

Почитувани,

Од ден на ден, неспособноста на Борче Јовчески во практикувањето на градоначалничката функција, станува се’ поголем проблем за нормалното функционирање на локалната самоуправа и секојдневниот живот на граѓаните на општина Прилеп. Оттаму, го охрабруваме да се осмели и да го направи она за што подолго време размислува, а коешто го потврдуваат и неговите сопартијци – да поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања