Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Се решава долгогодишниот проблем со „Еурокомпозит“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
eurokompozit

Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава напластените проблеми кои претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години ги игнорираше.

Се решава долгогодишниот проблем со фабриката „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп, се вели во соопштението од СДСМ..

— реклама —

Владата го усвои и го достави до Собранието, Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп.

— реклама —

Со ова се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на претпријатието кое е во државна сопственост

— реклама —

Во пракса, тоа значи дека ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените. Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.

Продолжуваме да спроведуваме мерки пто се во интерес на граѓаните, кои ги решаваат долгогодишните проблеми и кои обезбедуваат економски раст и развој, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања