Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Се воведува субвенцијата за набавка на „зелена нафта“ со која ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zemjodelci

Грижата на Владата предводена од СДСМ кон вистинските земјоделци продолжува, се воведувааат нови програми што овозможуваат поголема финансиска поддршка на земјоделците, подобар пласман, развој и унапредување на земјоделството и повеќе пари кај земјоделците, велат од СДСМ.

— реклама —

„За првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација односно „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. Со оваа мерка се намалуваат трошоците за производство на земјоделците, што значи поекономично производство и поголеми приходи.

— реклама —

Се зголемува и поддршката за мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар.

— реклама —

Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците што е значително зголемување во однос на претходните години кога за оваа поддршка биле издвојувани околу 49 милиони денари.

Ова се само дел од новите развојни мерки што обезбедуваат зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците и мерки, што го унапредуваат и развиваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања