Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

СДСМ: Серија на мерки со кои се намалени трошоците, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ реализираше серија на мерки со кои се намалија трошоците и се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните. Од почетокот на новата грејна сезона, граѓаните ќе добиваат помали сметки за парно греење согласно одлуката за намалување на ДДВ-то  за испорака на топлинска енергија од 18 на 5%. Тоа значи дека секое семејство, приклучено на централното парно греење со стан со просечна квадратура, ќе добива пониска сметка за околу 220 денари месечно, што е годишна заштеда од над 2.600 денари, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Истовремено, беше донесена одлука граѓаните кои се исклучени од системот за парно греење во Скопје повеќе да не плаќаат фиксен надоместок за парно како досега. Со тоа се исправа долгодишна неправда кон околу 12.000 семејства во Скопје исклучени од централното греење а кои со години плаќаа месечен надоместок без разлика што не ја користеа услугата.

Со воведувањето на евтина тарифа на струјата сметките се намалени, 11.4 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво. Со укинувањето на радиодифузната такса, се обезбедува заштеда од нови 190 денари месечено во секое семејство.

— реклама —

Драстично се намалени казните за фимите, а глобите за физичките лица се намалени за 75 отсто.

Трошоците за нотари, извршители се намачени за 50% до 90%, а услугите на Катастарот за недвижнини се намалени до 50%. Ова се само дел од мерките што обезбедуваат намалени трошоци за живот и повеќе пари кај домаќинствата.  Како одговорна партија, СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, намалени трошоци и повеќе пари во секое семејство, кај секој граѓанин, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања