Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ: Силјановска не нуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од осудени криминалци, како Игор Југ, правосилно осуден за терористичко загрозување на безбедноста и уставниот поредокот, како и Никола Груевски осуден криминалец во бегство, велат од СДСМ.

— реклама —

„Тоа е причината зошто Сиљановска не го осуди насилството од 27 април, затоа молчеше и не го осуди криминалниот режим на Никола Груевски.

Сиљановска покажа незнаење од клучните области за безбедноста и армијата, не понуди ништо пред граѓаните освен одбрана на криминалот на режимот.

— реклама —

Граѓаните силно ќе го поразат концептот на Мицкоски за враќање назад, чиј застапник е Сиљановска и нема да дозволат на чело на државата да дојде некој зад кого стојат насилници и криминалци.

На 21 април, во недела, масовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред и обезбедува правда, сигурност и иднина за сите“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања