Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Силјановска не знае колку војници има армијата, а сака да стане врховен командат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-2

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска покажува незнаење за клучни теми што се од надлежност на претседателот на државата, велат од СДСМ.

„Сиљановска не знае колку војници има на располагање армијата, а сака да стане врховен командат на вооружените сили.

— реклама —

Освен општи непознавања, Сиљановска демонстрира и дискриминација на новинари и медиуми. Сиљановска исто како и Никола Груевски бега од соочување со јавноста и дискриминира новинари и медиуми.

— реклама —

Гордана Сиљановска не ги почитува граѓаните, не ја почитува јавноста, ги дискриминира медиумите и новинарите.

Недозволиво е за кандидат да не знае клучни прашања поврзани со безбедноста, неодоворно е да бега од соочување со јавноста.

— реклама —

Граѓаните нема да дозволат некој кој бега од новинари, кој не знае колку војници има армијата да биде претседател на државата.

— реклама —

Затоа во недела и потоа на 5 мај, граѓаните ќе дадат поддршка на вистински претседател, на вистински врховен командант кој достоинствено ќе ја претставува државата и нејзините интереси.

Граѓаните ќе застанат за концептот на Стево Пендаровски кој води напред во развој, напредок и интеграција во ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања