Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Сиљановска свесно направи груба злоупотреба на деца во политички цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Соочена со слабата поддршка од граѓаните, кандидатката на ВМРО -ДПМНЕ Гордана Сиљановска, во очај грубо злоупотреби деца во политички цели и за изборна кампања, велат од СДСМ.

— реклама —

"Немајќи што конкретно да понуди пред граѓаните, Сиљановска злоупотреби деца без родители и родителска грижа сместени во СОС Детско село, каде трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот центар за социјални работи.

— реклама —

Иако е јавно познато дека за секое дете е обезбедено организирано живеење и предвидени трошоци целосно обезбедени од државата, очајната Сиљановска се обиде да прикаже нереална слика за наводен недостиг на храна во детското и свесно ги злоупотреби децата заради политички маркетинг.

Со таквото однесување, Сиљановска делува спротивно на Изборниот законик, како и на ратификуваната Конвенција за правата на детето.

— реклама —

Сиљановска најгрубо ги злоупотреби дечињата и ги прекрши нивните детските права. За таквиот потег очекуваме реакција од сите надлежни институции, вклучително и од Државната изборна комисија.

— реклама —

Кандидатката на Мицкоски уште еднаш покажа дека не е достојна да ја извршува функцијата за која се кандидира", се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања