Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Силна економијата, нова германска странска инвестиција во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот воевроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија. Република Северна Македонија е атрактивна земја за инвестирање со силна економија. Германската компанија „Герешајмер“ реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава, стои во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати. Странските инвестиции имаат заначајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста. Само во 2018 во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.

— реклама —
— реклама —

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а рекорден раст бележеше и индустриското производство кое во 2018 година беше највисоко во последните седум години.

— реклама —

Со пристапувањето во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, економскиот раст дополнително ќе се интензивира со што ќе се отворат можности за повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања