Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Системот "Една точка за услуги" обезбедува услуги од 10 институции на едно место, градиме систем на отворени и услужни институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите во јавната дминистрација што обезбедуваат отворени и услужни институции коишто работат во интерес на граѓаните.

— реклама —

Во таа насока е и отворањето на центарот „Една точка за услуги“ каде што за граѓаните ќе бидат достапни повеќе елетронски услуги и информаци на едно место. Во новоотвроениот центар во Скопје граѓаните ќе можат да добиваат информации и услуги од Министерството за внатрешни работи,, Министерство за транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Управата за водење на матични книги, Агенција за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Централниот регистар.

— реклама —
— реклама —

На овој начин значително ќе се намали времето на чекање на граѓаните и се подобрува ефикасноста на институциите. По гСкопје, предвидено е отворање на валви центри и во другите градови во државата.

Системот „Една точка за услуги“ е дел од процесот на градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, која во центарот на своето внимание ги има потребите на граѓаните и работи исклучиво во нивен интерес, стои во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања