ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години кон институциите се однесуваше како да се нејзини приватни компании каде што се вработуваат само партиски членови и поддржувачи на партијата, реагира СДСМ по обвинувањата на опозицијата дека мајката на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, владејачката партија ја вработила во Централниот регистар на Струмица.
„Преку масовната партизација и притисоците врз вработените во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ создаде партизирани институции во кои граѓаните не успеваа да добијат професонален однос и навремени услуги.
Таквиот однос кон институциите и граѓаните, како и масовната партизација на администрацијата заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Преку започнатиот процес на реформи, институциите се професионализираат и работат независно и во интерес на граѓаните. Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и креитериуми и за сите вработени сносат еднаква одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ.
Со реформите, како што додава СДСМ, државните институции и јавната администрација работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11-годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.