Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ: Скапите автомобили го покажаа сето лицемерие на лажното ВМРО-ДПМНЕ и очајниот Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koli-VMRO

Скапите автомобили што вчера граѓаните ги видоа се уште една потврда за вистинското, лицемерно лице на ВМРО-ДПМНЕ и поразениот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —
Не постои поголем показател за нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон граѓаните. Организираат таканаречени протести за цената на електричната енергија, кога токму оваа партија во своето владеење ја зголеми за 100 отсто цената на електричната енергија и ја укина евтината дневна тарифа на струјата за домаќинствата.

— реклама —
Граѓаните одамна го препознаа нечесниот и неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и затоа не им даваат поддршка на лажните и лицемерни протести кои служат само за зачувување на фотелјата на Мицкоски во Белиот дворец.

— реклама —

Уште еднаш се покажа дека Мицкоски знае само да брани криминал и лични интереси и дека потребите на граѓаните не го интересираат. Со таков однос тој и неговата нереформирана ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе бидат опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања