Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ со кое лице зборува пред охриѓани кога ги покачи цената на водата, на колекторот, на струјата, на енергенсите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272338648_1690697091131522_7467375549902334106_n

СДСМ со кое лице зборува пред охриѓани кога ги покачи цената на водата, на колекторот, на струјата, на енергенсите, на што ли уште не и сето тоа на штета на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Во споредба со другите општини охриѓани плаќаат пониски цени на услуги што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“.

— реклама —

СДСМ да си го бараат главниот виновник кај себе поради нивната неспособност, зголемените цени на енергенсите и покачувањето на минималната плата. Крлев пред да прочита што му напишале треба да се информира кај Координаторката на советничката група од неговата партија за да му пренесе заклучоци од средбата на Градоначалникот, Директорите и сите Координатори во Советот за проблемите со кои се соочуваат јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Водовод“.

— реклама —

СДСМ наместо лажна грижа за граѓаните нека одржат прес пред Бихаќка или пред Општина Центар за цените на услугите, а не пред охриѓани пред кои немаат ниту лице, ниту образ да се појават.

— реклама —

Додека ВМРО-ДПМНЕ како Локална власт носи мерки во интерес на народот, СДСМ ја доведе целата држава под енергетски и економски колапс и бесрамно заработуваат на грбот на народот“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања