Промени тема
Контакт

СДСМ со навреди кон работниците дека не заслужуваат покачување на плата го одби амандманот на ССМ, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Marija-Miteva-20.06.2022

СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за се друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните. Нема слух за вистинските барања и потреби, нема иницијатива која го потврдува спротивното. Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за се само не за народот, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Исто така, пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат.

— реклама —

Почитувани граѓани,

— реклама —

Ова е вистинското лице на Ковачевски и СДСМ. Ова е нивното мислење за работниците покажано на дело, додека говорите им се полни со празни зборови дека тие секогаш биле на страната на работниците. Едно зборуваат, друго прават и не е изненадувачки затоа што се уште го користат заевизмот во неговата најлоша форма - кажувам, заборавам, негирам.

ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.

— реклама —

Тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени особено во време на галопирачка инфлација и ценовни шокови кои патем оваа влада го создаде.

— реклама —

Почитувани граѓани, премногу е!

Време е за избори и време е за промени“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања