Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ: Со нетрпение го чекаме Мицкоски од екскурзија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
sdsm-i-mickoski

Брисел е многу популарна дестинација за летување, особено за екскурзии. Екскурзија е организирано патување на група луѓе - најчесто ученици или студенти, заради учење, запознавање нови места, култура, историја… или во овој случај, заради одмор и политичко препакување, велат од опозициската СДСМ.

„Со нетрпение го чекаме враќањето на Христијан Мицкоски.

Одвои осум дена. Остануваат уште седум.

— реклама —

Четири дена Брисел - „стручна екскурзија“.

Таму, како што доликува на сериозна стручна посета, ќе се запознава со фабрики, институции и, секако, со Европската комисија. За да стекне практични знаења за… францускиот предлог.

Ќе почекаме да се врати.

— реклама —

Па сите да научиме дека францускиот предлог воопшто не е лош.

Исто како што од Мицкоски научивме дека НАТО не е лош - напротив, феноменален.

— реклама —

Исто како што од Мицкоски научивме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата и многу други убави работи.

Ќе треба само малку повеќе време гласачите на ВМРО да го сфатат тоа.

Затоа што до вчера Мицкоски ги учеше сосема спротивно, додека клечеше и ветуваше само за да дојде на власт.

— реклама —

Единствена трајна последица од тоа патриотско клечење во претходната кампања е што сега го болат колената.

Затоа и го зеле седиштето 11D - да може да ги испружи.

Со нетрпение го чекаме. Ќе имаме многу да учиме“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања