Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

СДСМ: Со реални економски политики и мерки растат платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
paridenari1

Минималната плата во кожарската, текстилната и чевларската индустрија, со новото зголемување е покачена за над 60 проценти. Сега вработените во овие сектори ќе земаат плата повисока за 5.500 денари месечно, односно за 66 илјади денари годишно. Политиките на СДСМ кои обезбедуваат раст на платите и повеќе пари кај граѓаните се на прав пат, ветувањата се реализираат.  Минималната плата во сите сектори се зголемува на историски највисоко ниво досега од  14.500 денари, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ враќа пари кај граѓаните, кај работниците, наместо за споменици и жални врби како што тоа се правеше повеќе од 10 години.

— реклама —

СДСМ го враќа достоинството на работниците и втор пат во текот на својот мандат ја зголемува минималната плата, откако ја покачи за 3.500 денари, од 9 на 12.500 денари

— реклама —

Зголемувањето на минималната плата ќе ја намали сиромаштијата кај вработените и ќе го поттикне растот на сите плати.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија останува посветена на мерките што обезбедуваат економски раст, поголеми плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања