СДСМ: Со системското уништување на зеленилото ВМРО-ДПМНЕ влијаеше за загадувањето на воздухот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

11 години лицемерните ВМРО ДПМНЕ не покажаа загриженост за загадувањето и за здравјето на граѓаните. Напротив, со системското уништување на зеленилото и загрозувањето на животната средина заради остварување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ дополнително влијаеше за зголемено загадување на воздухот, велат од владејачката СДСМ.

— реклама —

„За разлика од лицемерниот и игнорантски однос на  ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, заедно со надлежните институции започна системско решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

— реклама —

Со Планот за чист воздух, 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучок за гас.

— реклама —

Се засилува и инспекцискиот надзор и контрола, како и детекција на дивите депонии и нивно решавање, а Град Скопје започна и набавка на 40 еколошки градски автобуси кои треба да ги заменат старите и нееколошки автобуси.

Истовремено, ќе се субвенционира и набавката на еколошки електрични автомобили, како и субвенции за трошоците за вградување на уред за погон на ТНГ.

Со сите мерки кои се спроведуваат сега и тие во наредниот период се очекува во наредниот период, загадувањето двојно да се намали.

Решавањето на проблемот со аерозагадувањето е и останува врвен стратешки приоритет за Владата предводена од СДСМ“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања