Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Со Со Оперативниот план за вработување обезбедени се 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини, при што се опфатени  и поединците и компаниите.

— реклама —

Оперативниот план отвора шанса за сите. Во него се содржани шеснаесет мерки, поделени во три групи.

Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно самовработување, со втората група мерки овозможува преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, додека последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија.

— реклама —

Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2018 година беше со реализација од 95 отсто, при што преку мерките од планот се вработија 3.934 граѓани, што докажува дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.

Истовремено, откако минатата година даде добри резултати во трите општини во кои се спроведуваше, од оваа година мерката Гаранција за млади ќе се спроведува на целата територија на државата, а проекциите се дека со неа ќе бидат опфатени околу 9.500 млади лица, кои че добијат шанса за вработување, доквалификација или платена практична работа.

СДСМ останува посветена на заложбата за зголемена поддршка на граѓаните и компаниите како и на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност за којашто проекциите за оваа година се дека ќе опадне на историски минимум од 20 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања