Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

СДСМ: Со успешните економски политики на СДСМ просечната плата надмина 26.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ е посветен на економските реформи и на економскиот напредок на државата преку реализирање на низа мерки со кои се подобрува квалтетот на животот на сите граѓани. Реалните економски показатели нотираат постојан раст и придонесуваат за континуирано зголемување на просечната плата, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Просечната плата  од 2017 година бележи нагорен тренд и во изминатите две години  се зголеми за над 4.000 денари од 22.808 денари во јуни 2017 на досега највисоките 26.836 денари во декември 2019 година.

— реклама —

Просечната плата прв пат се искачи над 26.000 денари, благодарение на економските политики на СДСМ, инвестирањето во човечкиот капитал и посветеноста во секторот економија.

Официјалните податоци покажуваат дека просечната плата е зголемена во речиси сите сектори. Со тоа се потврдува исправноста и ефикасноста на политиките и мерките кои ги презема СДСМ.

Ваквите успешни резултати ни даваат мотив да продолжиме со истиот интензитет и во иднина  да обезбедиме повеќе пари во семејниот буџет. Веруваме во нашите економски перформанси и затоа настојуваме просечната плата да се искачи на 30.000 денари.

Успешната економија и постојаниот пораст на просечната плата потврдуваат дека сме на прав пат. Затоа граѓаните на 12 април ќе го дадат својот глас за поголеми плати и подобрување на животниот стандард, се вели во соопштението од СДСМ.

фото: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања