„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ собира пратенички потписи за Џафери да го свика Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Пратеници на СДСМ собираат потписи за да го одоброловолат претседателот на Собранието Талат Џафери да го свика распуштениот парламент, потврдуваат за „360 степени“ партиски извори.

— реклама —

Треба да се соберат најмалку 20 потписи, но, како што се посочува, тоа не е гаранција дека Џафери ќе свика седница. Тој во неколку наврати во овој период посочи дека распуштениот парламент нема мандат да се состане повторно и да носи одлуки. Поради тоа овој собраниски состав не ја потврди ниту првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба, чиј рок е веќе истечен.

Левица денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на втората Одлука за утврдување постоење вонредна состојба што ја донесе Пендаровски. Една од аргументациите за тоа е дека, согласно со нашиот Устав, одлуката со која се утврдува постоењето на вонредната состојба има важност најмногу 30 дена. Тоа, според Левица, значи дека претседателот можел, во рамките на овие триесет дена, да донесе, на пример, три одлуки од по 10 дена или шест одлуки од по 5 дена…, но дека не може самоволно и волунтаристички да носи нова одлука по истекот на максимално предвидените триесет дена.

— реклама —

Минатата седмица, пак, Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес за преиспитување на уставноста на одлуката на парламентот за самораспуштање.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања