Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Социјалдемократските политики го заштитија стандардот на граѓаните во време на кризи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Социјалдемократските политики во време на глобални кризи, пост-ковид, енергетска и економска, како и војна на европскиот континент, го заштитија стандардот на граѓаните. Владата предводена од СДСМ во изминатите кризни години спроведуваше мерки за заштита на стандардот на сите граѓани, пред се за најранливите категории граѓани, за зачувување на работните места, за помош и поддршка на компаниите, за земјоделството“, велат од СДСМ.

— реклама —


„Со над 110 мерки, донесени во пикот на кризата, поделени во 6 пакети со вкупна вредност од околу 1,2 милијарди евра, директно се ублажија последиците од кризите.

— реклама —


Истовремено со системски решенија за минималната плата и методологијата за усогласување на пензиите се обезбеди стабилност, предвидливост и континуиран раст на приходите на граѓаните.


Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година се искачи на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари.

— реклама —

Пензиите се усогласуваат со порастот на просечната исплатена плата и растот на трошоците за живот, со што просечната пензија се зголеми за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 отсто.


Истовремено со зголемување на приходите, стандардот на граѓаните се заштитува со мерки за намалување и гарантирани цени на основните прехранбени производи.

— реклама —

Доколку за време на последниве три години Владата не ги спроведеше мерките за заштита на стандардот на граѓаните, денес сликата ќе беше значително полоша.


Социјалдемократските политики гo заштитија и ќе продолжат да го заштитуваат стандардот и да ја подобруваат благосостојбата на сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања