„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Состојбата со Охридското Езеро е стабилна, ВМРО-ДПМНЕ тера политиканство од природни појави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohridskoezeromart

Нема крај политиканството на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија не може да понуди ништо освен измислици, конструкции, лицемерие и неодговорно однесување. Колку во ВМРО-ДПМНЕ имаат изгубено допир со реалноста говори фактот што тие денеска тие ја обвинуваат Владата предводена од СДСМ затоа што годинава има значително помалку врнежи на дожд, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, состојбата со водостојот на Охридското Езеро е под контрола, внимателно се следи и се внимава да биде во рамки на дозволеното.

— реклама —

Како што објавија и АД Електрани на Северна Македонија, ХЕС Црн Дрим управува со истекот на вода од Охридско езеро и предизвикува регулирано осцилирање на нивото, при тоа секогаш водејќи сметка тоа осцилирање да го следи природното, што значи во месеците мај-јуни да ја достигне максималната вредност а во октомври – ноември минималната.

Според издадената водостопанска дозвола од Министерството за животна средина, дозволено е осцилирање помеѓу котите 693.10 и 693.75. Оваа 2020 година е значително сува година и со остварено производство на електрична енергија на ХЕС Црн Дрим од само 70% од просечното, котата на Охридското езеро изнесува 693.13.

Согласно обврските од Водостопанските дозволи, донесена е одлука да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот.

Планирано е испуштање на вода само за обезбедување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим, со што и нивото престанува да се намалува а со доаѓањето на есенските врнежи ќе почне и да расте.

ВМРО-ДПМНЕ е толку очајна и безидејна што покрај коронавирусот, реши да тера политиканство со природните, метеоролошки појави и затоа не треба да се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго ќе останат таму, се вели во Соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања