СДСМ: Срамно е што Ковачки и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го рушат угледот на Армијата и државата, нема да успеат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба и во партиски интерес се обидува да ги наруши угледот на државата и Армијата. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и неговата партија беа на власт, се вели Реакција од СДСМ  на прес-конференција на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во реакцијата се додава:

— реклама —

Тие се сработија токму кога тие заминаа во опозиција, и тоа од владата која толку сакаат да ја плукаат.

— реклама —

Срамно е овие теми да ги злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Ја држевте земјата 11 години во изолација, ги држевте војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови, заборавивте на НАТО. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања