Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Срамно, пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа за законот за македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Срамно е што пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик“, велат од СДСМ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти владејачката партија, со законот за употреба на македонскиот јазик се дава правна основа за донесување на Национална стратегија за македонскиот јазик, се прошируваат областите за употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и опсегот на лекторирање.

— реклама —

— реклама —

– ДПМНЕ и Левица покажаа крајно непочитување на сопствениот јазик и уште еднаш го потврдија своето лицемерие, од една страна манипулираат дека македонскиот јазик е загрозен, дека ќе стане бугарски дијалект, а од друга страна не го гласаат законот за употреба на македонскиот јазик, велат од СДСМ и додаваат дека со нив македонскиот јазик е заштитен.

Најсилен доказ дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ, со чиста формулација без додавки и фусноти е договорот Фронтекс, за чија ратификација ДПМНЕ исто така не гласаше во парламентот, се наведува во соопштението на СДСМ.

Партијата вели дека ДПМНЕ останува деструктивна партија, „која застана против македонскиот јазик, која работи спротивно на интересите на државата и граѓаните“.

— реклама —

На ДПМНЕ и Левица им е приоритет да продолжат со блокади и деструкции на штета на државата, обвинуваат од СДСМ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања