Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Стевананџија мора да поднесе оставка затоа што бесрамно се заканува со бесилки кон граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Како што се расплеткува клопчето за расчистување на криминалите, така во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе расте нервозата.

— реклама —

Во таква нервоза и очај, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието. Таквиот потег на Стевананџија беше осуден и од страна на Народниот правобранител и оценет како говор на омраза,  се вели во соопштението од СДСМ.

Надлежните институции мора да реагираат по овој случај на очигледно ширење омраза и закани, а Стевананџија да си поднесе оставка од фунцкијата затоа што не е достоен да ја извршува.

— реклама —

Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на Стевананџија.

— реклама —

СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.

— реклама —

Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е таквите закани да доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците,  се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања