Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ: Што има конфузното ВМРО-ДПМНЕ против вработување на млади доктори кои решиле да работат во јавното здравство?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Конфузното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни информации. Процесот за доделување лиценци за кој денес ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува е спроведен транспарентно со почитување на сите законски процедури за доделување на  концесија што лесно може да се провери. Концесиите се доделени со одлука од Управен одбор на Здравствен Дом Скопје и решение од Минитерствот за Здравство, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е конфузна. Прво тврдат дека доволно матични лекари а, потоа го напаѓаат Министерството затоа што отвора работни места За нови млади лекари кои решиле да останат во државата.

Што има против ВМРО-ДПМНЕ да се вработуваат млади лекари во јавното здравство? За разлика од нив кои го урнисаа здравствениот систем и ги понижуваа здравствените работнции, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сите лекари да останат тука да работат. Со измената на Законот за здравствена заштита, од оваа година за првпат во нашата земја, секој млад лекар ќе добие шанса да се ангажира во системот на јавно здравство.

— реклама —

Значајно се зголемија платите на сите здравствени работници, докторите, медицинските сестри и останатиот немедицински персонал, а зголемувањата на платите продолжуват и оваа година. Минатата година за првпат се обезбедени средства за вложениот труд на приватните специјализанти.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување мерки кои ја враќаат довербата во јавното здравство со цел младите лекари и медицински сестри да работат во јавното здравство, а не да заминуваат надвор од земјата, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања