Промени тема
Контакт

СДСМ: Странски амбасади демантираат, од хистеријата на Мицкоски и Милошоски прегоре системот за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно деновиве прегоре од хистеријата на Христијан Мицкоски и неговиот послушник Антонио Милошоски. Последните деманти се доказ како лажните вести и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги шират на штета на државата и државните позиции, на крајот им се удираат од глава, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Тие во истото додаваат:

— реклама —

Пропаднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Милошоски дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија.

— реклама —

Уште еднаш се потврди дека се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Лага на штета на националните и државни интереси, на штета на интересите на граѓаните.

После толку многу потврдени лаги, после толку многу деманти, во ВМРО-ДПМНЕ никако да научат дека вистината секогаш излегува на виделина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања