Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

СДСМ: Странските гринфилд инвестиции зголемени за 200 отсто, економскиот раст зема залет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

 По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец. Напредокот во економијата е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којшто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни, се вели во соопштението од СДСМ.

Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на Фајненшел тајмс, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

— реклама —

Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд инвестиции во споредба со 2017 година. За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор.

— реклама —

Овие официјални податоци се признание за економските реформи на Владата предводена од СДСМ преку кои економијата е стабилизирана и постојано расте.

— реклама —

За СДСМ, зборот важи!

Како државотворна и одговорна партија која за единствен приоритет ги има граѓаните,остануваме целосно фокусирани на развој на економијата, отворање на нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на повисок животен стандард, се вели во соопштението од СДСМ, се вели во соопштението од СДСМ.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања