Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

СДСМ: Тече постапката за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Република Северна Македонија чекори кон НАТО. Шест земји од вкупно 29 членки на НАТО сојузот веќе го ратификуваа Протоколот за пристапување на државата во најголемиот и најмоќен безбедносен сојуз во светот, се вели во соопштението од СДСМ.

Досега, шест земји членки на Алијансата го ратификуваа Протоколот за пристапување. Грција, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и Црна Гора се првите земји кои ја отворија вратата на НАТО за влез на нашата Македонија.

— реклама —

Во меѓувреме Данска, Франција и Романија ја започнаа постапката за ратификација на Пристапниот протокол на Република Северна Македонија во Нато алијансата.

Ратификацијата ќе продолжи и во останатите земји членки на НАТО Алијансата, а откако Протоколот ќе биде усвоен од останатите земји членки Република Северна Македонија станува 30 членка на НАТО.

— реклама —

Одиме напред, градиме силна и стабилна држава, обезбедена и сигурна. Држава во која граѓаните ќе се чувствуваат безбедни и сигурни и економски стабилни. Членството во НАТО освен безбедност и стабилност со себе носи и повеќе инвестиции, економски раст и развој, а сето тоа значи повеќе пари кај граѓаните.

Република Северна Македонија тргна напред и запирање нема, валат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања