Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Тероризмот е во крвта на ВМРО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library0cbv34ooa65r0MRC9e5

На годишнината од нападот врз Собранието на 27 април 2017 година, СДСМ упати остро соопштение во кое повторно го квалификува настанот како насилен и антидемократски чин, поврзувајќи го со поширок историски и политички контекст.

— реклама —

Од партијата во соопштението наведуваат дека „тероризмот е во крвта на ВМРО“, алудирајќи и на историски настани и на настаните од 2017 година, кога беше упаднато во Собранието за време на изборот на новото парламентарно мнозинство.

Во соопштението се прави паралела меѓу нападот врз Собранието и други историски настани, при што се тврди дека насилните методи и антидржавното дејствување се дел од континуитет на одредени политички структури.

— реклама —

СДСМ посочува дека насилниците од 27 април не се лица со различни политички ставови, туку учесници во сериозен напад врз уставниот поредок и институциите на државата, стои во соопштението.

— реклама —

Во соопштението се упатуваат критики и кон актуелното политичко раководство на ВМРО-ДПМНЕ, при што се тврди дека со одредени изјави се врши релативизирање на настаните од 2017 година и се рехабилитираат лица поврзани со тој настан.

СДСМ истакнува дека ваквите политики претставуваат закана за демократијата, правосудниот систем и европската перспектива на државата, стои во соопштението.

— реклама —

Од партијата во соопштението порачуваат дека нема да дозволат враќање на, како што го нарекуваат, „насилен модел на политичко делување“ и дека ќе продолжат да се залагаат за заштита на демократските вредности и уставниот поредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6k2mno83vtst6eP3wWt

„Гордана Димитриеска Кочоска да си поднесе оставка, лаже за Алта банка“, вели Филипче

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Не им дозволуваат на граѓаните да си ги земат парите за да го спасат капиталот на криминалната банка“, обвини Филипче зборувјќи за „Алта“

Македонија | пред 5 дена

media-libraryesl6lk5d2sbn9mZIdPT

(Видео) „Алта банка е уште еден доказ колку е криминална и арамиска власта на Мицкоски“, вели Филипче

Македонија | пред 1 седмица

media-library93nenmtullj09tH7s2N

(Видео) Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања