Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Тимот на Сиљановска треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
siljanovska-mickoski

Тимот на Гордана Сиљановска кој секојдневно шири лаги треба да знае дека лажно пријавување е кривично дело. Толку е голем стравот од пораз на Сиљановска на овие избори па нејзиниот тим смислува лажни вести и измислени филмови за апликации кои не постојат, велат од СДСМ.

— реклама —

„СДСМ веќе ги демантираше сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ, не постои апликација којашто прибира податоци, лични информации, видеа, фотографии, ниту активности на интернет.

Основното непознавање на технологијата и современите системи за водење на кампања на застарената ВМРО-ДПМНЕ, заглавена во минатото, е нивни проблем.

— реклама —

ВМРО ДПМНЕ е партијата симбол на криминал од невидени размери, измами, најголема можна злоупотреба на институциите и загрозена приватност на граѓаните со масовно прислушкување.

— реклама —

Сите нивни невистини, лажни тврдења, лажни вести и измислени филмови во кои никој не верува се остатоци од истата криминална матрица на Никола Груевски која се пресликува во ВМРО-ДПМНЕ и во штабот на Гордана Сиљановска.

Години на притисоци, закани, грабеж за лични цели, на грбот на граѓаните  и пустошот кој го оставија зад себе не се заборава и не може да се избрише од сеќавањата на граѓаните со лаги и невистини.

— реклама —

Впрочем, бројни судски постапки и истраги се веќе во тек за криминалот на режимот на Никола Груевски“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања