Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ трет ден вели дека растат платите: Земавте ли вие повисока плата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
D182D0B0D181D0B5D0B2D181D0BAD0B0-1200x545_c

Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат системот на социјална заштита, ги подобруваат условите за работа и поттикнуваат раст на платите, вели Лидија Тасевска од СДСМ.

„Покрај растот на платите на вработените во градинките за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

— реклама —

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.

— реклама —

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Покрај ова, следува уште едно зголемување на платите од 5 отсто во месец септември, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.

Тоа е најголемо зголемување досега.

— реклама —

На овој начин ги мотивираме вработените уште попосветено да ја работат својата професија и истовремено го враќаме достоинството на професијата социјален работник.

Од овој месец, 3138 вработени во градинките и 1170 социјални работници и останати даватели на услуги добиваат повисоки плати.

— реклама —

Над 4.300 вработени во системот за детска и социјална заштита добиваат значително поголеми месечни примања.

Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната заштита, градиме систем кој се грижи за граѓаните и обезбедува квалитетни услови за работа на стручниот кадар“, додаде Тасевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања