Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ тврди дека владата има јасен план за пребродување на оваа зима

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
20072022_VRSM_sednicaVlada-1

Во пресрет на најтешката зима после Втората светска војна, Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски има план и решенија за поголемо производство на струја, обезбедување доволни количини енергија и грана како и поддршка на граѓаните и стопанството полесно справување со последиците, вели СДСМ

— реклама —

„Планот за производство на ЕСМ, државната компанија за производство на електрична енергија оваа година го зголемуваме за нови 25 %.

Целта е во најтешкиот период на сите македонски граѓани дома, на сите ученици, студенти, на сите микро, мали и средни бизниси да им обезбедиме најниска можна цена на електрична енергија и да им биде достапна.

— реклама —

За средниот и големиот бизнис, како што беше побарано од стопанските комори, сегашните домашни повластени производители на струја, ќе продолжат да работат за истата пониска тарифа за слободниот пазар, цена која е далеку пониска од берзанските цени.

— реклама —

Во најтешката криза по Втората светска војна, нашата основна цел е државата, граѓаните и бизнисот да се задржат да функционираат и да растат.

Останува субвенционирањето на цената на струјата за граѓаните во висина од дури 80% од вкупната сума.

— реклама —

Државата, Владата, има јасен план за пребродување на оваа зима се до април 2023 година и продолжува посветено да работи во интерес на сите граѓани и стопанството“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања