Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Укинато е спојувањето на концесиите за Иловица, ДПМНЕ со рудниците ја стави државата во судски лавиринти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за престанок на одлуката за спојување на концесиите за рудникот за бакар и злато во Иловица.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Од СДСМ преку соопштение утрово коментираат дека со тоа, Владата им излегла во пресрет на граѓаните од овој крај кои со години се противат на отворањето рудници во нивните населени места.

— реклама —

Партијата обвинува дека правниот лавиринт околу рудниците во кој е заглавена државата е единствено поради неодговорноста на ДПМНЕ и владите предводени од оваа партија.

„Во 2012 Владата предводена од ДПМНЕ дава концесија за рудникот Иловица и уште 85 концесии за други локации.

— реклама —

Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиески, Паско Кузман се само дел од функциониерите на ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на давање концесии за рудникот во Иловица.

Во 2016 година рудниците се најголемо ветување на ДПМНЕ пред изборите, а тогаш Христијан Мицкоски му е десна рака на Груевски.

— реклама —

Затоа ДПМНЕ и Мицкоски денес се последните што имаат право да зборуваат за отворање рудници.

СДСМ како од првиот ден, така и сега е против рудниците и останува заедно со граѓаните да се бори против нивно отворање“, велат од СДСМ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања