Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Универзална сала во Скопје ќе ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација, обезбедени 120 милиони денари за целосна реконструкција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
univerzalna-696x395

Ребалансот на Буџетот за 2020 година, усвоен од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ, ја отвори можноста за финансирање на 19 капитални инвестиции во повеќе општини, меѓу кои е и реконструкција на Универзалната сала во Скопје, се вели во соопштението од СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

За целосна реконструкција на Универзална сала, која беше омилена културна институција во Скопје, се предвидени 120 милиони денари буџетски средства.

Овој чекор произлезе како резултат на широката поддршка од јавноста за идејата Универзална сала да ја сочуваме во постојната форма, на постојната локација и да го задржи својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје.

— реклама —

Реконструкцијата на Универзална сала по проект којшто ќе ја задржи постојната големина и облик е оптимално и единствено разумно решение за повторно ставање во функција на овој објект.

Сепак, Универзална сала не ги задоволува среднорочните и долгорочните потреби за културата во Скопје. Затоа неопходна е изградба на нова концертна сала со придружни конгресни капацитети, со обезбеден паркинг и соодветно сообраќајно решение за пристап до салата, и ред други просторни и технички стандарди за ваков тип на објекти.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните и направи значајни поместувања во позитивна насока за културата, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања