Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Успешните аграрни политики донесоа повисоки откупни цени, помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
thumbnail_image1

Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а  истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома  и на странскиот пазар. Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто. Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.

— реклама —

Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто. Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.

— реклама —

За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.

— реклама —

Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата. Зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања