Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СДСМ: Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-3-1

Усвојувањето на измените на Уставот ги отвори перспективите на Македонија и сите нејзини граѓани. Децениските стратешки приоритети и интереси на државата, членството во НАТО и Европската унија се во финална фаза на исполнување, велат од владејачката СДСМ.

„Македонија оди напред, сврте нова страница кон сигурна и стабилна иднина. Македонскиот идентитет е загарантиран и обезбеден.

— реклама —

Од изолирана, поделена и заробена држава, денес Македонија се развива како модерна, европска држава на еднакви граѓани, земја пријател на регионот и демократскиот свет.

— реклама —

НАТО и ЕУ не се само голема, историска можност за напредок, безбедност и стабилност, членството значи и нови инвестиции, нови и добро платени работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Интеграциски процес кој засилено се движи напред го интензивира економскиот раст, ја прави државата поатрактивна за сериозни странски инвестиции и позитивно влијае врз конкурентноста на домашните компании.

— реклама —

2019 година ќе биде година на економија и развој.

— реклама —

Платите растат во сите сектори, се зголеми финансиската поддршка за претпријатијата, навремени и зголемени субвенции за земјоделците, повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Повратот на Данок на додадена вредност од 15 отсто за граѓаните кој треба да се реализира оваа година, ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство.

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните реформи што обезбедуваат напредок во евроинтеграциите, економски раст, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања