Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Вакцинацијата против сезонски грип започнува на 22 ноември

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
grip-12

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за деградација на здравството и лекарите и негрижа за пациентите нема кредибилитет да зборува за вакцинација и здравство.  Згора на се, опозицијата се обидува да внесе немир кај граѓаните со лажни вести дека има проблем со вакцинацијата од сезонски грип, се вели во соопштението од СДСМ.

Министерството за здравство официјално соопшти дека вакцинацијата започнува на 22 ноември што е оптимален термин за почеток на вакцинација со што ВМРО-ДПМНЕ е фатена во нова лага.

— реклама —

И кога се на власт и кога се во опозиција тие постојано ги лажат, ги манипулираат и ги крадат граѓаните.

Додека пациентите внесуваа сомнителни лекови и инсулини, ВМРО-ДПМНЕ потроши пола милијарда евра во Скопје 2014.

— реклама —

Додека пациентите немаа и чекаа лек, ВМРО-ДПМНЕ потроши 33 милиони евра на споменици.

За 11 години владеење, не направија ништо за да ги подобрат условите во јавно-здравствените установи.

Тоа е разликата меѓу криминалната ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско однесување на СДСМ.

— реклама —

Тоа е доказ дека  после 11 години стагнација, реформите во здравството се на прав пат, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања