Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

СДСМ: Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и нема причини за сомнеж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vakcina

Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која цела деценија ги уништуваше здравствениот систем, погрешно го менаџираше, ги понижуваше пациентите и лекарите, велат од СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат за чии  интереси се набавуваа лекови и инсулини од паралелен увоз со сомнителен квалитет без сертификати во Македонија?

— реклама —

Лошото управување со здравството, неквалитетните инсулини и лекови во Македонија кои ги внесуваше власта на ВМРО-ДПМНЕ се најсилни причини што граѓаните ја изгубија довербата во здравствениот систем. Падот на опфатот на имунизација се директна последица од тоа.

СДСМ веднаш штом ја презеде одговороноста да го води здравството го смени законот за лекови и медицински средства. Сега за секој лек во земјава мора да има два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. Во Македонија повеќе нема неквалитетни лекови кои доаѓаат од сомнителни земји и довербата кај граѓаните постепено се враќа“, велат од партијата.

— реклама —

Тие исто така додаваат дека уништувањето на здравството заврши  со заминување на ВРМО-ДПМНЕ. Пропустите во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на наделжните здравстени институции.

— реклама —

„Епидемијата на морбили што се појави е веќе под контрола, се делува конкретно но и превентивно. Резултатите се видливи, во моментов, нема новозаболени.

Граѓаните се навремено и точно информирани, само врз основа на факти и медицински докази.

— реклама —

Вакцините што сега увезуваат се најдобрите, произведени во Белгија и во нив нема причини за сомнеж.

Владата предводена од СДСМ гради современ, оджлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања