Промени тема
Контакт

СДСМ: Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ.

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
12062022_Kovacevski_Vselenska-Patrijarshija_3

Вчерашниот ден беше важен, историски ден за македонскиот православен народ, вели СДСМ

„Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија и со тоа се исправи една голема историска неправда,а со литургијата која се служеше на македонски јазик е уште една потврда за нашата македонска посебност и македонскиот идентитет.

— реклама —

Охридската архиепископија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија и православниот свет и важно е ова сослужување и примањето во канонско единство на македонската црква да биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија.

— реклама —

Им честитаме на граѓаните и македонскиот народ за враќањето на МПЦ-ОА во канонско единство, сите сме горди на овие успеси.

— реклама —

Упатуваме и благодарност до Вселенската патријаршија која му одаде чест на премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, на литургијата да го прочита Симболот на верата во име на неговиот, македонски народ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања