„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

СДСМ: Вело Марковски јавно ги оспорува мерките за заштита од коронавирусот, ДПМНЕ прави огромна штета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona5

ДПМНЕ прави огромна штета, ти се најголема закана и опасност за здравјето на граѓаните. Скандалозно, послушникот на Христијан Мицкоски, Вело Марковски најави дека на Уставен суд ќе ја оспори мерката за носење заштитна маска на отворено, бидејќи, според него, тоа било опасно за здравјето, се вели во Соопштението од СДСМ, кое е реакција на изнесени ставови на Вело Марковски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

Со ова Маркоски застанува директно против препораката на СЗО за носење маска на отворено, која се применува во огромен број земји во светот.

— реклама —

Марковски го доведе во прашање и постоењето на вирусот, бидејќи според него за скоро ни еден починат нема научен доказ дека причината за смртта е ковид.

Ги нападна и своите колеги лекари, кои деноноќно речиси девет месеци се борат со пандемијата и им порача дека не треба да има даваат антибиотици на заболените, но и дека во последно време сите што починале имале бактериски пневмонии.

Повторно пред граѓаните ја истакна својата контрадикторност. Од една страна се залага за шведскиот модел за колективен имунитет и вели „дај боже повеќе да се разболат“, а од друга, смета треба да се заострат мерките ако се оптовари здравствениот системот за да му се даде „одихочка“.

Не се знае во ВМРО ДПМНЕ кој е поголема катастрофа, дали Мицкоски дали Марковски, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања