Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Вистинските економски политики забележани од светот, највисок раст на странските инвестиции за 260 отсто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Вистинските економски политики кои ги води Владата предводена од СДСМ и напредокот кон ЕУ и НАТО се препознаени и забележани од светот, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

„Извештајот за инвестициите во светот 2019“ на Конференцијата на Обединетените нации за трговија и развој јасно констатира дека Република Северна Македонија минатата година имала убедливо највисок раст на странски инвестиции во споредба со сите земји од Западен Балкан. За само една година, стои во Извештајот во Република Северна Македонија странските директни инвестиции пораснале за 260 отсто!

— реклама —
— реклама —

Од 205 милиони во 2017 на 737 милиони долари во 2018 година.

— реклама —

Покрај растот на економијата, на БДП од 4.1 процент, намалувањето на невработеноста на историски најниски 17.8% извештајот на Конференцијата на ОН е уште еден показател дека економијата е конкурентна и се движи во добар правец. Извесното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, дополнително ќе допринесат позитивниот тренд на економски раст да продолжи со зголемен интензитет, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања