Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Владата да побара одговорност од Трипуновски за суспендираните ИПАРД средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
ipard-1140x401-1

СДСМ и денеска ја обвини владата дека го штити министерот за земјоделство Љупчо Трипуновски во контекст на, како што велат, „мега-скандалот“ со суспендирањето на ИПАРД средствата во вредност од над 130 милиони евра.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека и по две недели од објавувањето на случајот, министерот не понудил одговори околу причините за блокирањето на европските пари, ниту пак доставил план како ќе се надмине ситуацијата. Како пример го наведуваат и документот што Трипуновски го испратил до собраниско тело, за кој тврдат дека е „без суштина и без конкретни информации“.

— реклама —

Според СДСМ, суспендираните средства ја ставаат во неизвесност реализацијата на околу 3.000 потенцијални инвестиции и можноста за отворање до 10.000 работни места, а земјоделците се доведени во ризик поради вложени кредити и средства во очекување на поддршка.

— реклама —

Оттаму прашуваат зошто владата не бара одговорност од министерот, посочувајќи дека тој „не може да остане на функција ако не чувствува одговорност“ за состојбата во секторот и „ако ја прикрива вистината“ од земјоделците.

До моментот на објавување на текстот, од Министерството за земјоделство не дадоа дополнителен коментар на обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања