Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Владата на Мицкоски не презема мерки додека цените на горивата и храната растат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ реагира дека веќе три недели цените на горивата растат поради кризата на Блискиот Исток, а владата на Мицкоски не презема никакви мерки за заштита на граѓаните. Според партијата, растот на цените се одразува и на основните прехранбени производи – маслото за јадење над 100 денари, јајцата над 300 денари, а зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, што ги прави основните потреби недостапни за многумина.

— реклама —

СДСМ предупредува дека најавеното понатамошно поскапување на горивата дополнително ќе го намали стандардот на граѓаните, а дури и доколку цените на светските берзи се стабилизираат, цените во маркетите нема да се намалат. Партијата обвинува дека владата на Мицкоски намерно не презема мерки, што граѓаните скапо го плаќаат – за 4,5 милиони евра повеќе.

— реклама —
— реклама —

СДСМ нагласува дека македонската економија со оваа влада тоне: индустриското производство бележи пад од 9,4%, странските инвестиции се намалени за 61%, а бројот на вработени се намалува. Минималната плата не е зголемена на 600 евра, оставајќи ги работниците сами да се справуваат со кризата.

— реклама —

Партијата предлага итно прифаќање на мерки за олеснување на трошоците за граѓаните: намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари по литар, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените на патарините.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања