Уривањето на дивоградбата кај Мавровка, по донесената одлука на првата седница на Владата само потврдува дека СДСМ ги преточува во реалност заложбите дадени пред граѓаните - правда во оваа држава има и ќе има, се вели во соопштението од СДСМ.
Законот важи за сите подеднакво и секој што се огрешил пред него одговара.
Од друга страна, само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која 11 години со криминал и корупција системски ги уништуваше институциите, денес ѝ пречи правната држава и негативно реагира кога во државата се спроведуваат законите.
Очигледно е дека во ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да се помират со поразот на изборите и продолжуваат со старите пракси на деструктивност, популизам и лаги, се вели во соопштението од СДСМ.