Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ: Владата продолжува со спроведување на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што ги намалуваат трошоците и го олеснуваат животот на граѓаните. Со одговорното и домаќинско управување со финансиите, со кратењето на непродуктивните трошоци, во Буџетот ослободени се средства за обезбедување бесплатно болничко лекување за пензионерите со ниски пензии, како и бесплатни специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги за лицата приматели на социјална парична помош, велат од СДСМ.

— реклама —

„Тоа значи дека од оваа година пензионерите кои имаат пензија пониска од 14.000 денари се ослободени од плаќање партиципација при болничко лекување во болнички здравствени установи.

— реклама —

Истовремено, корисниците на правото на социјална парична помош се ослободени од партиципација при користење на специјалистичко-консултативни и болнички здравствени услуги.

— реклама —

Оваа мерка ќе помогне лицата приматели на социјална помош и лицата кои добиваат пониски пензии да добиваат навремени, квалитетни и бесплатни здравствени услуги, со што ќе се намалат нивните трошоци, но и ќе се унапреди степенот на здравствена заштита.

Владата предводена од СДСМ продолжува да спроведува мерки што обезбедуваат подобри здравствени услуги за граѓаните. Крајната цел е преку чесна, одговорна и домаќинска работа да се обезбедат средства за воведување на бесплатно болничко лекување за сите граѓани, што е една од клучните мерки во Програмата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања