Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја изолираше и ја задолжуваше државата, со промените за само 2 години сме на вистински пат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ekonomski-rast

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја изолираше и ја задолжуваше државата, со промените за само 2 години е на вистински пат, сега сме светол пример со силна и конкуретна економија .Очајната ВМРО-ДПМНЕ е единствена која не може да се помири со успехот на државата потврден со најпозитивниот Извештај од страна на Европската Комисија, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

За само 2 години од заробена и задолжена држава, Владата предводена од СДСМ земјата ја претвори во светол пример со силна и конкурентна економија. Многу јасно Европската Комисија позитивно го оценува растот на минималната плата и зголемувањето на економскиот раст.

— реклама —

Во Извештајот нотирано е подобрување на управувањето со јавните финансии и транспарентноста, и позитивно се оценети реформите за оданочување на приход и системот за пензии. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба добро да го прочитаат најпозитивниот Извештај од ЕК, а потоа да гледаат и да учат како се работи во интерес на економијата и државата.

Минималната плата се покачи и изнесува 12.507 денари, со тенденција да порасне на 13.000 денари во следниот период. Отворена е спиралата на раст на платите и за само 2 години просечната плата е зголемена за 2.000 денари. Од минусното салдо од -,1.8 отсто на БДП во вториот квартал на 2017 година, економските политики на Владата на СДСМ овозможија раст на БДП од 3,7 отсто во четвртиот квартал од 2018 година.

— реклама —

За две години без ниту еден денар потрошен за промоција беа обезбедени 20 нови странски инвестиции, а во 2018 година е забележан рекорден износ на странски директни инвестиции од 624,5 милиони евра.

— реклама —

Невработеноста е намалена под 20 проценци, историски најниско ниво досега. Создаваме силна и конкурентна економија. Владата предводена од СДСМ останува посветена на зголемување на животниот стандард и враќање на парите назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструкцијата и антидржавното однесување, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања