Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост откако го уништи земјоделството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост откако го уништи земјоделството, проблемите на земјоделците се решаваат партнерски ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми загриженост и лицемерие кон земјоделците, се вели во соопштението од СДСМ.

— реклама —

Поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделците беа понижени, а земјоделството тонеше и имаше негативен тренд во учество во БДП во последните квартали од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквиот однос, Министертвото за земјоделство, стопанство и шумарство гради партнерски однос и е во постојана комуникација со земјоделците, каков што е случајот и со вчерашната средба на МЗШВ со здруженијата на одгледувачи на овци.

— реклама —

Во следниот период, Министерството ќе излезе со конкретно предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство.

Во меѓувреме, зголемена е сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари, вклучително и за овчарство.

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја оценуваат транспарентоста и соработката со МЗШВ бидејќи тоа е вистински начин да се добие точна бројка на овци за да се направи правилна распределба на субвенциите.

Времето кога земјоделците осиромашуваа поради погубните политики на Власта беше одлика на ВМРО-ДПННЕ и заврши со нивното заминување во опозиција.

Владата предводена од СДСМ продолжува со активности кои значат вистинска грижа за земјоделците и подобрување на условите за развој на земјоделството како една од клучните стопански гранки, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања